Политика за замени и рефундации
Политика за замени и рефундации
Оваа Политика за замени и рефундации ја објаснува нашата практика во врска со замената и враќањето на производи и рефундирањето на средства за производите купени од нашата веб-страница lily.mk, управувана од Аутсорс ИТ Дооел. Со купување на производи од нашата веб-страница, вие се согласувате со оваа Политика.
1. Услови за замена и враќање
Прифаќаме замена и враќање на производи под следниве услови:
- Барањето е поднесено во рок од 14 дена од денот на доставата.
- Производот е во оригиналната амбалажа, со сите етикети и без знаци на користење.
- Производот не е оштетен или на друг начин изменет од ваша страна.
2. Како да поднесете барање
- Отворете returns.lily.mk и внесете го бројот на нарачката (на пр. LIL10274) и вашиот телефон или email.
- Изберете ги производите и дали сакате замена (друга големина или друг производ) или враќање, и наведете ја причината.
- По поднесување, веднаш добивате број на пратка на email и Viber.
- Спакувајте го производот и однесете го во најблиската ELS. Покажете го бројот на пратката или испечатете ја адресницата и залепете ја на пратката.
- Статусот на барањето можете да го следите преку линкот што ќе го добиете.
3. Трошоци за испорака
Трошокот за враќање на пратката е на товар на купувачот и се плаќа при предавање во ELS. Трошоците за првичната испорака не се рефундираат.
Оштетен или погрешен производ: Доколку сте добиле оштетен или погрешен производ, изберете „Замена“ и приложете фотографии. Откако ќе го провериме барањето, ние прво ви го испраќаме новиот производ на наш трошок, а оштетениот/погрешниот производ едноставно му го предавате на курирот при доставата.
4. Рефундирање
Рефундацијата се обработува откако ќе ја примиме и прегледаме вратената пратка. Можете да изберете:
- Store Credit +10% – добивате кредит за купување на lily.mk во вредност од рефундацијата плус дополнителни 10%. Кредитот се издава откако ќе ја примиме пратката.
- Трансакциска сметка – за нарачки платени со готовина при достава (COD). Потребно е да внесете трансакциска сметка (не број на картичка).
- Картичка – за нарачки платени со картичка, средствата се враќаат на истата картичка.
Рефундациите на сметка или картичка се обработуваат во рок од 7–10 работни дена од приемот на пратката.
За производи купени во рамки на промотивни пакет-понуди (на пр. „3 за 15%“, „5 за 20%“ и сл.):
Во случај на враќање на дел од производите од пакетот, попустот на пакетот се анулира и повторно се пресметува според бројот на производи што ги задржувате. Ако задржаните производи сè уште исполнуваат услов за пакет-понуда, важи соодветниот попуст (на пр. ако од 5 задржите 3, важи 15%); ако не, тие се пресметуваат по редовна цена. Разликата во попустот се одбива од износот за рефундација.
5. Замени
Производот можете да го замените за друга големина или за друг производ преку returns.lily.mk. Новиот производ го испраќаме откако ќе ја примиме вратената пратка.
- При замена се зема предвид цената што сте ја платиле за секој производ (со вклучен попуст).
- Ако новиот производ е поскап, разликата ја доплаќате при достава.
- Ако новиот производ е поевтин, разликата ја добивате како Store Credit, или на трансакциска сметка доколку разликата е поголема од 300 денари.
6. Исклучоци
Од хигиенски причини, следниве производи не можат да се заменат или вратат:
- Гаќички.
- Производи кои се персонализирани или изработени по нарачка.
- Ваучери.
7. Контакт информации
Ако имате прашања во врска со оваа Политика, контактирајте не на:
Аутсорс ИТ Дооел
Рузвелтова 5, Битола
Email: hello@lily.mk
Instagram: @shoplily.mk
Со купување на производи од нашата веб-страница, вие се согласувате со оваа Политика за замени и рефундации.







